
Професор по имунологија и хумана генетика
Раководител, Институт за
имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје
Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.
|
|
Проф. д-р Мирко Спироски
(1948-) Професор по имунологија и хумана генетика 389 2 3110556 389 70 255155
Профили:
BiomedExperts |
Face
Book |
|
Биографски податоци Проф. д-р Мирко Спироски е роден во с.
Лешок - Тетово на 03.02.1948 година. Основно образование и осмолетка
завршил во родното место. Во 1966 година го завршил Училиштето за забари
и забни техничари во Скопје, а дипломирал на Медицинскиот факултет во
Скопје во 1973 година. Од јуни 1973 година е вработен на Институтот за
медицинска и екпериментална физиологија со антропологија при
Медицинскиот факултет во Скопје, а од април 1997 година е распореден на
неопределено време на Катедрата за имунологија при Институтите на
Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1998 година е основач и директор на
Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот
факултет, Скопје. Наставна дејност Како асистент учествувал во изведувањето на практична настава за студентите од Медицинскиот, Стоматолошкиот, Фармацевтскиот факултет, Факултетот за физичка култура и Етнолошкиот отсек при Географскиот факултет во Скопје. На споменатите факултети изведувал и мал дел теоретска настава. Како доцент изведувал теоретска настава по физиологија на Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет, физиологија со анатомија за Факултетот за фармација и на предметот физиологија со физиологија на спортот на Факултетот за физичка култура. Држи настава по предметот имунологија за студентите од Медицинскиот факултет и ги организира вежбите од истиот предмет на Катедрата за имунологија. Во 1974 година е избран за асистент по физиологија и преизбран во истото звање три пати. Во 1974 година се запишал на последипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје, а во мај 1978 година го одбранил магистерскиот труд на тема "Кетонските тела во шеќерната болест" и се здобил со звањето магистер на медицина. Во 1979 година ја одбранил докторската дисертација под наслов "Влијание на гликокортикоидните хормони и медроксипрогестерон ацетат врз тимусот, слезинката и гликогенезата од стаорци". Истата година е избран за доцент по физиологија на Медицинскиот факултет во Скопје. Во мај 1995 година е избран за вонреден професор по предметот физиологија на Медицинскиот факултет во Скопје. Во октомври 1997 година е избран за вонреден професор по имунологија, а во 2001 година е избран за редовен професор по имунологија. Од 2004 до 2010 година држи настава по предметите имунохемија со основи на имунологија и биохемија-3 за насоката аналитичка хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од 2005 година држи настава за предметот хумана генетика за Медицинскиот факултет во Скопје, а од 2007 година држи настава по предметот генетика на спортот за Факултетот за физичка култура.
Како студент учествувал во изработката на
студентски теми со кои учествувал на 11-14 научен конгрес на студентите
по медицина и стоматологија на Југославија. Бил вклучен и во изработката
на научните проекти на Институтот од почетокот па се до денес. Стручно
се усовршувал во Лондон за примена на микрометодите со обележени материи
во медицината, на Институтот за физиологија и имунологија во Риека за
имунолошки техники во имуниот систем, на Институтот за патофизиологија
во Загреб за усвојување на техниката за определување естрогени
рецептори, во Националните институти во САД за усвојување техники за
следење метаболизмот на кетонските тела и влијанието на хормоните врз
нив, како и во Институтот за микробиологија и имунологија во Белград за
определување на интерлеукин 1 и 2. Учествувал со свои излагава на 7-12
конгрес на Сојузот на физиолошките друштва на Југославија, на конгресите
на Антрополошкото друштво на Југославија, на 3 - симпозиум за шеќерна
болест, на Конгресот на ендокринолозите од Југославија, на Конгресот на
лекарите од СР Македонија, на Имунолошкиот конгрес на Југославија, на
Европскиот конгрес за имунологија, на 1. и 2. Македонски имунолошки
конгрес. Во 1998 година ја организирал 1. имунолошка школа. Досега бил
ментор на повеќе од 30 студентски теми. Бил член на Ендокринолошкото
друштво на Југославија, на Имунолошкото друштво на Југославија, а денес
е член на Македонското лекарско друштво, на Македонското здружение за
имунологија, на Лекарската комора на Македонија, како и на Европската
академија за алергологија и клинишка имунологија. Основач е и главен и одговорен
уредник е на Macedonian Journal of Medical Sciences(Македонското списание за медицински
науки). Публицистичка дејност Заедно со другиот персонал во Институтот, учествувал во пишувавето на скриптата "Физиологија на крвта", како и во подготвувањето и пишувавето на трите изданија на "Практикум за вежби од физиологија за студентите по медицина и стоматологија". Автор е на повеќе книги: Компјутеризирано учеве: 1. Тест прашања од физиологија; Компјутеризирано учење: 2. Тест прашања за приемниот испит од биологија и хемија. Автор е на практикумот за имунологија “Основни имунолошки методи”, книгата ИМУНОСТ - 1. Имунолошка школа.
| |