
Професор по имунологија и хумана генетика
Раководител, Институт за
имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје
Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.
Докторските студии на УКИМ траат три години, што изнесува 180 ЕКТС - кредити.
Студиските програми се состојат од:
1. обука за истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
2. едукација, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
3. пријава, изработка и одбрана на докторската дисертација, што изнесува 120
ЕКТС-кредити.
Обуката за истражување опфаќа:
• три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што
изнесува 12 ЕКТС-кредити (сите предмети од оваа група изнесуваат 4 кредити), и
тоа: предметот научноистражувачка етика, еден предмет од групата предмети
методологија на истражување и уште еден предмет од понудената листа на други
предмети од обуката за истражување, која, по предлог на носителите на студиските
програми, ја потврдува Универзитетскиот стручен совет за докторски студии;
• докторски семинари, конференции и работилници од истражувачка практика, што
изнесува 18 ЕКТС-кредити.
Едукацијата опфаќа предмети од полето, областа и од потесната област на
истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити.