
Професор по имунологија и хумана генетика
Раководител на Институт за
имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ), Медицински факултет, Скопје
Вашата несебична помош на Институтот за имунобиологија и хумана генетика ќе им помогне на истражувачите да откријат лекување со коскена срцевина, трансплантација, имунотерапија и многу повеќе.
Не одете во странство, дојдете кај нас!
Центарот за имуни, молекулски и генетски испитувања (ЦИМГИ) е организациска единица во склоп на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, во кој се изведуваат врвни дијагностички методи за голем број имуни, молекулски и генетски испитувања за приватни лица, како и за осигуреници од Фондот за здравство на Република Македонија. Центарот обезбедува поддршка на програмите за трансплантација на: коскената срцевина, бубрези и црн дроб преку Македонскиот дарителски регистер. Во ЦИМГИ е сместена и Македонската банка за хумана ДНК која овозможува генетски испитувања на здравите популации кои живеат во република Македонија, како и испитување асоцијации на полиморфизмите со најчестите болести кај нас.
| |||||||||||||||||||||||||